
Македонскиот второлигаш Брегалница го заокружува играчкиот кадар за продолжението од шампионатот во Втората лига – Исток. Тенденцијата е да се потпишуваат професионални долгорочни договори со младите фудбалери.
„Сините“ ја продолжија соработката со 23-годишниот крилен офанзивец Дарко Додев, потпишувајќи нов професионален договор. Додев пред една година пристигна во Брегалница од редовите на Силекс, отворено демонстрирајќи ги фудбалските квалитети, по што следи нов меѓусебен договор за соработка.
Нов фудбалер на Брегалница е и еден од најдобрите фудбалери на Кит Го, 24-годишниот Владимир Дујоски кој треба да го засили средниот ред на составот на Марјан Секуловски.
„Продолжуваме со нашиот проект за професионални долгорочни договори со младите играчи. Како клуб, силно веруваме дека преку овој тип договори отворено покажуваме на сите наши фудбалери една стабилност и сигурност во тимот, јасно ставајќи до знаење дека се размислува на нив на подолг период, a градејќи притоа екипа темелена на млади и талентирани фудбалери“ – истакна спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев, по потписот на договорите со Додев и Дујоски.
Брегалница претходно потпиша професионален договор и со еден од најголемите македонски фудбалски таленти, Љупче Кудев, а ангажиран е и поранешниот репрезентативец, Муарем Муарем. Клубот, пак, по заеднички договор за прекин на соработката, се раздели со фудбалерот од средниот ред, Анес Османоски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
