
Бразил победи со 4-1 против Гвинеја во пријателскиот натпревар одигран на стадионот Еспањол во Барселона. „Кариоките“ на теренот излегоа во целосно црна комбинација за поддршка на борбата против расизмот.
Играчот од средниот ред на Њукасл, Жоелинтон го отвори резултатот во 27. минута со удар од непосредна близина. Набргу по првиот гол, Родриго го удвои водството на „селесао“ по пробив од десната страна и силен удар.
Во 36. минута Серху Гираси возврати со гол по контранапад на африканскиот тим.
На почетокот на вториот дел Милитао со удар со глава зголеми на 3-1, а Винисиус на две минути до крајот од белата точка го постигна последниот гол на натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
