Воената инвазија на Русија над Украина предизвика голем страв кај локалното население, но исто така и кај сите странски спортисти. Бразилските фудбалери на двата најпознати украински клуба, Шахтјор Доњецк и Динамо Киев се обединија и со видео-порака побараа да бидат евакуирани од Украина.
„Сите наши роднини и пријатели чекаат решение за нашата судбина. Затворени сме во хотелот и чекаме. Ситуацијата е очајна. Ве молиме да го споделите ова видео за тоа да дојде побрзо до нашата влада. Границите се затворени, но и банките. Нема гориво, се помалку има храна, а ние немаме пари. Се собравме сите Бразилци заедно и сакаме веднаш да ја напуштиме Украина“, се вели во обраќањето на фудбалерите.
Првенството на Украина е суспендирано, а вториот дел од шампионатот беше закажан за утре.
Dynamo Kiev and Shakhtar Donetsk’s Brazilian players ask for help to leave Ukraine with their families pic.twitter.com/svSyM8i8cQ
— Marcus Alves (@_marcus_alves) February 24, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal