Манчестер Јунајтед претрпе нов шок на „Олд Трафорд“, губејќи од Борнмут со убедливи 0-3 пред домашната публика. Хујсен го отвори резултатот за гостите во 29. минута, а Џастин Клајверт зголеми на 0-2 во 61. минута од пенал.
Само две минути подоцна, Антоан Семењо го постигна третиот гол за Борнмут, по што голем број од навивачите на Јунајтед го напуштија стадионот.
Во другите натпревари, Челси одигра без голови (0-0) на гостувањето против Евертон, додека и дуелот меѓу Фулам и Саутемптон заврши со ист резултат.
Вулверхемптон, предводен од новиот менаџер Витор Переира, забележа значајна победа од 0-3 на гостувањето кај Лестер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













