Connect with us

Бомбастична најава: Партизан го сака Андреа Пирло на клупата

Српскиот клуб Партизан е во потрага по нов тренер и секој ден се појавува ново име како кандидат кој би можел да го замени Александар Станојевиќ. Последното име во низата – е најзвучно.


Раководството на „црно-белите“ посакува на клупата да го доведе Андреа Пирло, легендарниот италијански фудбалер кој тренерската кариера ја почна во Јувентус, но брзо заработи отказ.


Тој беше во Белград каде го промовираше кампот, а разговорите се одвивале во позитивна атмосфера. Конечниот одговор од Пирло се очекува до крајот на неделата.


По богатата играчка кариера, Пирло го предводеше Јувентус во сезоната 2020/21, кога беше освоен Купот на Италија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови