Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, ги договорил личните услови со шпанскиот гигант Реал Мадрид, тврди влијателниот француски медиум „Л’Екип“. Неговите агенти имале разговори со првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, и успеале да ги дефинираат условите под кои Мбапе би го носел дресот на Реал Мадрид. Останува сега потешкиот дел од задачата за „кралевите“, да го убедат раководството на ПСЖ да го продаде Мбапе во летниот преоден рок.
Одличниот напаѓач има договор до јуни 2022 година и влегува во последната година од актуелната соработка со „светците“, но ПСЖ нема намера да го продаде иако медиумите тврдат дека за него е одредена отштета од 150 милиони евра.
Флорентино Перез е под голем притисок, нема купено голема ѕвезда неколку сезони, но истакна дека не е можно да се направи таков голем трансфер во услови на глобална пандемија кога клубовите се во сериозни финансиски долгови. Токму поради ова имаше обид и за формирање на Европска Суперлига која не успеа. Сепак, кога е првиот човек на Реал во прашање, многупати досега успевал да направи сензационални трансфери и да доведе големи ѕвезди на „Сантијаго Бернабеу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Баерн немаше проблеми во Купот на Германија
Интернационалци
Прв гол за Серафимов во дресот на Левски (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













