Репрезентативецот на Македонија и првотимец на рускиот Акрон, Бојан Димоски, треба да биде ново засилување за српскиот гигант Партизан. Левиот бек ќе пристигне во „Хумска“ прво како позајмен играч од рускиот клуб, но со опција за откуп од 200.000 евра.
Преговорите меѓу двата клуба се во завршна фаза, па Димоски ќе биде позајмен до лето, а ако сите три страни бидат задоволни, тогаш ќе се активира споменатата откупна клаузула.
Младиот лев бек пристигна во Русија во јули 2023 година од Брера Струмица. Тој ја започна својата кариера во Тетекс, а играше и за Вардар. Димоски ги има поминато сите младински селекции на Македонија, а за А репрезентацијата настапи на 18 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Вест Хем освои бод на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)
Интернационалци
Серафимов си постигна автогол
Евро-фудбал
Рома сака да го врати Распадори во Серија А
Млади репрезентации
Македонија У20 подобра од Лихтенштајн: Данев постигна два гола













