
Повратникот во Првата лига, тимот на Победа, ги стартуваше подготовките со нов шеф на стручниот штаб, Бобан Бабунски. Тој најави дека подготовките ќе се одвиваат во Прилеп затоа што клубот има сосема солидни услови за реализација на комплетно замислениот тренажен процес.
„Би сакал да се заблагодарам на укажаната шанса да бидам на кормилото на Победа и да работам во интерес на прилепскиот фудбал. Ја следев Победа на повеќе натпревари. Да ја продолжиме добрата игра од Втората лига. Тука се и младинците кои остварија одличен успех и со освоената титула ќе играат во Европа. Има тука неколку деца со фантастичен потенцијал и на нив треба да се гради иднината на клубот и трудот кој повеќе години наназад со оваа генерација го вложи нивниот тренер Филип Мирчески. Да му честитам и на претходниот тренер, колегата Димитар Капинковски, а ние треба да ја надградиме таа добра слика на Победа во повисок ранг – во прволигашка конкуренција. Можам да ветам многу работа. Ќе тренираме двапати на ден , во план се повеќе контролни натпревари, а три се веќе закажани, со Брегалница (5 јули), Работнички (13 јули) и Струга Трим лум (23 јули), како и на традиционалниот турнир „Вуко Каров“ во Кавадарци на крајот на јули“, изјави Бобан Бабунски.

Во стручниот штаб на Бабунски ќе бидат асистентите Благојче Дамевски и Филип Мирчески, кондицискиот тренер Сребре Стефаноски и тренерот на голманите Дејан Кебакоски.
„Добро ми е познат ростерот со кој располага Победа, ги анализирав играчите и мислам дека неоспорен е потенцијалот, а некои играчи и не се свесни за потенцијалот со кој располагаат. Се споивме со Победа и Гешоски со моите амбиции да помагам да создадеме поквалитетни млади играчи, со репрезентативен калибар кои во иднина би дошле до интернационални трансфери со кои и финансиски би помогнале на клубот. Сигурно ќе играме за бодови но и со модерен стил, со посед и контрола и офанзивно-онака како што и верувам посакува пребирливата прилепска публика. Овие млади играчи ја поттикнаа публиката да се врати, инспирираа и многумина по повеќе години да се вратат на трибините, а со нивниот потенцијал и квалитетот кој низ работа треба да го подигнеме на повисоко ниво верувам во успешна сезона“, истакна Бабунски.

-
Само Реал е оригинал, Сити и ПСЖ се копии…Страста на „You’ll never walk alone“
Кога Реал Мадрид го загуби првиот осминафинален натпревар во Париз на 15 февруари, светот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ова ли е европска Шкендија? Казнете ја, да не ја види Европа!
21 век, Македонија. На фудбал одиш, може да „загинеш“. Новиот шампион „пречекан“ со тупаници,...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Адеми, Ристовски и Барди ја напаѓаат Лигата на шампионите

Интернационалци
Суперталентираниот голман Васко Василев пред трансфер во Порто

Евро-фудбал
Алегри: Не е лесно да се победи Сасуоло

Евро-фудбал
Манчестер Сити го купи Серхио Гомез

Интернационалци
Бесар Гуџуфи потпиша четиригодишен договор со Бешикташ
