Connect with us

Блесна „десетката“ крај името на Мбапе (ФОТО)

Најтрофејниот клуб во светот, Реал Мадрид, официјално соопшти дека дресот со број „10“ во новата сезона ќе го носи Килијан Мбапе. Долго очекуваната потврда конечно пристигна и стави крај на сите дилеми околу наследникот на Луке Модриќ, кој со години ја носеше „десетката“ на грбот.

Иако имаше најави дека талентираниот Арда Ѓулер би можел да ја добие оваа симболична бројка, кралскиот клуб одлучи дека честа ѝ припаѓа на најголемата ѕвезда – капитенот на француската репрезентација и, според многумина, најдобриот фудбалер на денешницата.

Со овој потег, Реал не само што го истакнува значењето на Килијан Мбапе, туку и отвора ново поглавје за маркетиншки успех. Продажбата на дресот со број „10“ и името на Мбапе сигурно ќе донесе милионски приходи како за клубот, така и за самиот играч.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови