
Паола Шитекат Седас до пред неколку дена беше член на Организацискиот одбор на Светското првенство во Катар, но побегна од земјата за да не мора да отслужува неверојатна казна иако била сексуално злоставувана, пишуваат мексиканските медиуми. Таа е економист и антрополог по професија, а нејзината работа од соништата е да организира големо фудбалско натпреварување.
Соништата биле краткотрајни бидејќи едена колега, како што вели, сексуално ја злоставувал во Катар. Таа пријавила, но не наишла на разбирање, а мексиканската амбасада во Катар не и помогнала.
Таа опиша како изгледала вечерта кога колегата ја малтретирал.
„Јас останав смирена, ѝ кажав на мајка ми и сè снимав со фотографии. Го пријавив насилникот“, рече таа.
Нејзината приказна станала уште побизарна бидејќи не ја добила заштитата од полицијата на која се надевала, а особено се разочарала од реакцијата на амбасадата на Мексико во Доха. Дошла во полициска станица и сфатила дека веќе не е таа што тужи, туку дека е обвинета.
Имено, нејзиниот насилник рекол дека таа му е девојка и со тоа дополнително ги искомпликувал работите.
„Бараа тест за невиност бидејќи во Катар за вонбрачни односи се добива казна од седум години затвор и сто удари со камшик. Одеднаш мојата приказна повеќе не беше важна. Се беше засновано на обвинение за вонбрачни врски, додека јас имав модринки под мојата облека. Адвокатот едвај и прозборе, а на крајот мораа да ми го проверат мобилниот“, изјави Мексиканката, која сепак успеала да се врати во својата земја.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски и Клуж поразени во Суперкупот на Романија

Евро-фудбал
Дембеле прослави гол во стилот на Жота (Фото)

Евро-фудбал
Нони Мадуеке пред трансфер во Арсенал

Евро-фудбал
Барселона тргнува по Рафаел Леао

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Втора лига
Брегалница Штип добива турски сопственици
