Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина вечерва во Зеница приреди голем пресврт и ја совлада Романија со 3-1, a во вторник во Виена ќе игра за директен пласман на Светското првенство.
Ова беше една од најзначајните средби за БиХ во овие квалификации. Натпреварот не почна добро за избраниците на Сергеј Барбарез. Во 18. минута, Бирлигеа донесе водство за гостите. БиХ веднаш можеше да израмни, но Баждар од неколку метри со глава шутираше над голот.
Во 51. минута Алајбеговиќ упати центаршут, а Един Џеко се снајде како вистински голгетер и погоди за 1-1. Токму тој гол ја запали искрата на пресвртот.
Во 80. минута Есмир Бајрактаревиќ испрати фантастичен удар и погоди за 2-1 и вистинска еуфорија на трибините.
До крајот Романија нападна со сите сили, но казната стигна во 94. минута. Табаковиќ прво со глава ја погоди пречката, топката се врати до него и тој рутински реализираше за конечни 3-1.
Со овој триумф БиХ се доближи на само еден бод зад водечка Австрија, што значи дека во вторник во Виена ќе игра за директен пласман на Мундијалот. Баражот им е веќе обезбеден.
Голема вечер и за Косово, фудбалската репрезентација на оваа земја испиша историја во квалификациите за Светското првенство 2026.
Косово, едно коло пред крајот во групата Б, обезбеди најмалку пласман во бараж, што е прв ваков успех во историјата на нивниот репрезентативен фудбал.
Во директниот дуел за второто место, вечерва славеа огромна победа на гостински терен, совладувајќи ја Словенија со 0-2.
Аслани донесе водство уште во шестата минута, што беше искра на големата радост за гостите. Во 53. минута Словенија остана со играч помалку по вториот жолт картон на Стојановиќ, а Косово ја искористи предноста – во 64. минута Карничник постигна автогол за 0-2 и потврда на триумфот.
Швајцарија ја совлада Шведска со 4-1 и го потврди својот статус како лидер. Едно коло пред крајот, Швајцарија има 13 бодови, Косово е второ со 10, а гол-разликата од +11 работи во корист на Швајцарците пред нивниот меѓусебен дуел во Приштина.
Се чини дека Швајцарија сигурно патува директно на Мундијалот, додека Косово ќе влезе во историски бараж и ќе ја продолжи својата борба за прво учество на Светско првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













