Connect with us

Бетис на фантастичен начин, со помош на навивачите, го претстави новиот договор на Иско (ВИДЕО)

Ѕвездата на Бетис, Иско, доби спектакуларно претставување на новиот договор и потоа го спречи својот тим да доживее пораз против Џирона, мечот заврши 1-1.

Иско се врати на теренот по долга пауза поради повреда и истовремено го продолжи договорот со Бетис, потпишувајќи нова соработка до 2028 година.

Објавувањето на договорот беше проследено со голем транспарент кој навивачите на Бетис го подигнаа на трибините.

Џирона поведе во првиот дел со 1-0, а Иско влезе во игра во 60. минута. Само 15 минути подоцна, тој асистираше до Гомез, кој постигна гол за израмнување на 1-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови