Connect with us

Бетис го сопре Реал: „Кралевите“ вторпат без муниција во три кола (ВИДЕО)

Реал Мадрид ремизираше без голови против Бетис на домашен терен и направи уште еден чекор назад во трката за шампионската титула. Тимот на Зинедин Зидан сега има 71 бод, два помалку од Атлетико Мадрид кој утре му гостува на Атлетик Билбао.

Напаѓачите на „кралскиот клуб“ вторпат во три кола останаа без муниција. Бензема и другарите останаа без решение за одбраната на Бетис.

Реал Мадрид со мислите веројатно е и кон полуфиналето на Лигата на шампионите и првиот дуел против Челси во вторник.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови