
Ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва, е најновиот елитен фудбалер кој се жали од напорниот календар и огромниот број на одиграни натпревари.
„Кога играчите се жалат, луѓето велат дека не треба да го прават ова поради животот што го живеат. И тие се во право затоа што живееме сон во она што го правиме. Од друга страна, распоредот е апсолутно луд, штотуку ја добивме веста, имаме само еден слободен ден за натпреварот од Карабао купот, имаме слободен ден, потоа играме со Вотфорд на секои три дена со месеци, ако не испаднеме, тоа е апсолутно апсурдно“, се пожали Португалецот во интервју за португалскиот „Рекорд“.
„Во Лигата на шампионите, доколку не се пласирате директно во осминафиналето, дури ќе треба да одиграте уште два натпревари. Точно е дека составите се поголеми, но не можам да кажам дека е лесно. Поминувам многу малку време со моето семејство и пријателите. Бројката на натпревари кои ги играме е апсолутно апсурдна“, додаде Бернардо Силва.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Пикси: Ми беше чест да бидам селектор на Србија

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
