
Карим Бензема повторно го подигна степенот на тензија околу француската репрезентација. Добитникот на „Златната топка“ на Инстаграм објави своја фотографија под која напиша „Не сум заинтересиран“.
Тоа се случува кога медиумите наголемо шпекулираат дали тој ќе се приклучи на тимот на „триколорите“ за неделното финале на Светското првенство против Аргентина.
Се чини дека Бензема ниту очекува ниту сака да игра во решавачкиот судир, иако сега е целосно закрепнат од повредата. Тој вчера дури учествуваше и во тајна контрола на Реал Мадрид, по што селекторот на Франција, Дидие Дешамп, беше прашан дали ќе смета на него против „гаучосите“.
Тоа е можно бидејќи Бензема и покрај повредата не беше исклучен од составот, а на негово место не беше повикан ниту еден друг играч. Сепак, Дешамп не сакаше да коментира на оваа тема.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Евро-фудбал
Велс го победи Казахстан и го презеде врвот

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Млади репрезентации
Дашмир Елези: Одиме меч по меч, Македонија може многу во овие квалификации

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ
