Исмаел Бенасер ја откри причината за неверојатната претстава на Милан против Јувентус. „Росонерите” ја одбележаа најголемата победа на гостински терен против “старата дама” за првпат после 11 години, а еден од клучните фудбалери на гостите откри дека инспиративните говори на Златан Ибрахимовиќ се она што го води клубот во пол-позиција за пласман во Лигата на шампионите.
“Ибра зборува, но и Симон Кјаер. Тие се искусни играчи, затоа слушаме и правиме што велат тие. Кога имате играч како Ибра, кој вели дека мора да се ‘гине’ на теренот за овој дрес, знаете дека треба да дадете се од себе.
“Пред натпреварот, тренерот ни рече дека треба да гледаме на овој натпревар како на финале и дека мораме да го добиеме”, додаде Бенасер по одличната победа од 3-0 против поранешниот шампион на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Аталанта ремизираше и против Милан (ВИДЕО)
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













