
Словенечкиот напаѓач Бењамин Шешко е пред официјализација на својот трансфер во редовите на Манчестер Јунајтед. Според деталите, англискиот гигант ќе му исплати на германскиот Лајпциг 76,5 милиони евра во форма на фиксна отштета, со можност за дополнителни 8,5 милиони евра бонуси, зависно од перформансите на играчот. Вкупната вредност на трансферот може да достигне 85 милиони евра.
Шешко, кој има само 22 години, веќе вечерва ќе отпатува за Англија заедно со своите агенти, каде што утре треба да ги комплетира лекарските прегледи, по што ќе потпише долгорочен договор до 2030 година со „црвените ѓаволи“. Деталите околу неговата лична плата сè уште не се објавени.
Младиот Словенец е еден од најперспективните европски напаѓачи и е производ на фудбалската академија на Ред Бул, каде што ги бранеше боите на Салцбург и Лиферинг, пред да се пресели во Лајпциг. Минатата сезона Шешко постигна 21 гол на 45 настапи, од кои четири беа во Лигата на шампионите.
За сениорската репрезентација на Словенија има веќе 41 настап и 16 погодоци, а веќе неколку години се смета за столб на националниот тим.
Овој трансфер е третата сериозна инвестиција на Манчестер Јунајтед во нападот летово. Претходно, клубот ги ангажираше Брајан Мбеумо од Брентфорд и Матеус Куња од Вулверхемптон, секој за по 75 милиони евра. Со трансферот на Шешко, вкупната инвестиција во новата напаѓачка линија достигнува околу 225 милиони евра.
Новиот менаџер Рубен Аморим очигледно ја гради својата екипа околу млади и експлозивни офанзивци, со цел да го врати Јунајтед во борбата за највисоките позиции во Англија и Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Душан Тадиќ промовиран во Ал-Вахда

Евро-фудбал
Коло Муани е новата цел на Њукасл

Евро-фудбал
Кингсли Коман е следната цел на Ал-Наср
