
Беласица и Шкупи со пресметката во Струмица денеска од 17 часот го отвораат 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Шкупи е огромен фаворит на дуелот против тимот кој има повеќе од скромен ефект по првите две кола од новата сезона. Водени и од позитивната атмосфера по четирите бода од првите два меча, пак, чаирчани патуваат во Струмица желни за нови три бода.
„Владее навистина позитивна атмосфера во нашите редови по резултатите кои ги постигнавме во првите две кола, иако беа тешки натпревари. Сепак, четири бода од дуелите со Шкендија и со Македонија ЃП е позитивен старт. Сега сакаме да продолжи таа серија и со три бода да се вратиме и од Струмица. Сето тоа како мотив за патот во Баку и квалитетно издание во Лигата на Европа“ – вели Фатјон Јусуфи.
Во таборот на Шкупи, поради суспензија, ќе го нема Илирид Адеми. Сите останати фудбалери ќе бидат на располагање на Мухарем Бајрами.
ПМФЛ – 3. КОЛО (денеска, 17 ч.)
Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКУПИ
УТРЕ (17 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА
Тетово: РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ
НЕДЕЛА (17 ч.)
Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС
Струга: СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal
