
Базел по седумгодишна пауза повторно се врати на врвот на швајцарскиот фудбал. Во 35. коло од Суперлигата, тимот предводен од Фабио Селестино ја декласираше екипата на Лугано со 5-2 и така ја осигура 21. шампионска титула во својата историја.
Со оваа победа, Базел стана недостижен на врвот со 12 бодови предност пред второпласираниот Сервет и конечно ја прекина доминацијата на Јанг Бојс, кој во последните осум сезони освои шест титули. Тимот од Берн оваа сезона е на третата позиција со 14 бода заостанување зад новиот шампион.
Херој на натпреварот за „црвено-сините“ беше капитенот Џердан Шаќири, кој постигна хет-трик.
Џердан Шаќири имаше блескава сезона – со 18 голови и 20 асистенции во првенството, тој беше недвосмислено најдобриот играч на тимот и клучниот фактор за титулата на Базел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер постави ултиматум за трансферот на Лукман

Евро-фудбал
Гранит Џака потпишува за Сандерленд

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал
