
Барселона ја оствари 15. победа во Ла Лига оваа сезона откако славеше убедливо на гости против Севилја со 1-4. Тимот на Ханси Флик сега се доближи на два бода негатива до лидерот Реал Мадрид, и само бод помалку во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид.
Левандовски во седмата минута донесе водство за Барса, но Севилја израмни само што тргна од центарот. Стрелец беше Варгас.
Сепак, во второто полувреме Барселона го реши мечот во своја корист, а играше во одреден период и со играч помалку. Исклучен беше Фермин Лопез, кој влезе на почетокот на второто полувреме, веднаш постигна гол, а потоа заработи и црвен картон. Третиот гол за Барса беше дело на Рафиња со одличен удар од далечина во 55.минута, а точка на триумфот стави Ерик Гарсија со погодокот во 89.минута.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Барселона има четири опции за нов офанзивец

Млади репрезентации
Македонија У21 поразена од Белорусија на тестот во Анталија
