
Барселона ремизираше без голови на гости против Кадиз не можејќи да стигне до триумф со играч помалку. Френки де Јонг доби црвен картон во 65.минута и го остави на цедило тимот на Барселона кој беше многу подобар на теренот до тој момент.
Ова реми можеби ќе биде и последниот меч за Роналд Куман на клупата на Барса. Медиумите на Пиринеите најавуваа дека тој има безмалку ултиматум да го победи натпреварот со Кадиз доколку сака да го задржи работното место како тренер на каталонскиот состав.
Барселона има седум бода негатива во однос на лидерот Реал Мадрид, но и еден одигран меч помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кол Палмер уште шест недели надвор од терените
