
Марк-Андре Tер Штеген, по сè изгледа, ја завршува својата епизода во Барселона, бидејќи клубот одлучил да му ја одземе капитенската лента, а според шпанските медиуми, веќе е донесена одлука кој ќе биде прв капитен на тимот од новата сезона.
Веќе неколку месеци во Барселона трае сагата околу Тер Штеген, кого каталонскиот клуб решил да го отпише, што ја изненади фудбалската јавност, а со текот на времето, односот меѓу голманот и клубот станува сè полош.
Барселона веќе донесе нов прв голман и му соопшти на Тер Штеген дека може да си замине, но тој го одбил тоа. Дополнително, не тренираше со тимот на подготовките и неодамна замина на операција на грбот.
Она што стави крај на неговата кариера во клубот е фактот што одбива да потпише лекарска согласност дека ќе биде надвор од терените четири месеци, што е неопходно за Барса да го избрише од списокот на регистрирани играчи и да ослободи место за нови засилувања.
Иако повеќе од десет години е прв голман на Барселона, Тер Штеген најверојатно ќе ја заврши својата кариера во клубот на неславен начин, а дел од навивачите дури повикуваат клубот да го раскине договорот на своја штета само за да си замине Германецот.
Исто така, веќе е јасно дека капитенската лента ќе му биде одземена, а според медиумите, веќе е утврдено дека нов капитен ќе биде Френки де Јонг. Негови заменици ќе бидат Рафинња, Педри и Роналд Араухо.
Ако ниту еден од овие четворица не биде достапен за Ханси Флик на некој натпревар, капитенската лента ќе му припадне на Гави или на Ињиго Мартинез.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski