
Барселона внимателно следи пет играчи кои би можеле да станат слободни агенти следното лето. На списокот се наоѓаат дефанзивците на Челси, Цезар Азпиликуета и Антонио Рудигер, голманот на Ајакс, Андре Онана, играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси и играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, според “Мундо Депортиво”.
“Каталонците”, кои се во тешка финансиска состојба, сакаат да продолжат со лукавата тактика од овогодинешниот летен преоден рок, кога ги доведоа Мемфис Депај, Ерик Гарсија и Серхио Агуеро на бесплатен трансфер. Со оглед на ситуацијата во клубот, јасно е дека Барса ќе гледа да го својот тим без да троши на трансфер пазарот.
Договорите на сите пемина истекуват во 2022 година и ниту еден од нив, сè уште нема потпишано нов договор со својот акутелен клуб, ниту пак некој од нив има договорено трансфер во друг клуб следното лето. Познато е дека кој било клуб, вклучувајќи ја и Барса, се слободни да започнат преговори со фудбалерите кои веќе се навлезени во последните 12 месеци од акуелниот договор.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
