Барселона планира да му понуди нов договор на фудбалерот од средниот ред, Френки де Јонг, со кој би останал во клубот до 2028 година. Актуелниот договор на Холанѓанецот истекува за 12 месеци, а каталонскиот клуб е решен да го продолжи пред почетокот на новата сезона.
Според „Мундо Депортиво“, Барселона му нуди уште две години на постоечкиот договор, со што тој би траел до 2028 година, со можност за уште една дополнителна сезона.
Проблемот моментно е што Барселона не знае со кого да преговара. Де Јонг изразил желба да се раздели со својот агент Али Дурсун, но ситуацијата сè уште не е расчистена.
Холандскиот фудбалер неодамна јавно зборуваше за својата иднина и јасно истакна дека се надева на нов договор со Барселона. Доколку го потпише новиот договор и се активира опцијата за дополнителна година, Де Јонг ќе има 32 години и ќе одбележи 10 години во Барселона кога договорот ќе истече во 2029 година.
Де Јонг пристигна на „Камп Ноу“ во 2019 година од Ајакс за сума од 86 милиони евра. Досега има одиграно 259 натпревари, постигнато 19 голови и 23 асистенции во дресот на каталонскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













