
Барселона и Марк-Андре тер Штеген ставија крај на несогласувањатa. Германскиот голман, кој неодамна беше подложен на операција на грбот, првично одби да потпише медицински извештај за Ла Лига – документ потребен за клубот да може да регистрира нови фудбалери.
Поради тоа, клубот отвори дисциплинска постапка и привремено му ја одзеде капитенската лента. Синоќа, Тер Штеген ја објасни својата страна на приказната и изрази надеж за постигнување компромис.
Неколку часа подоцна, Барселона излезе со официјално соопштение во кое потврди дека двете страни постигнале договор.
„Барселона соопштува дека Марк-Андре тер Штеген му дал дозвола на медицинскиот тим на клубот да го подготви задолжителниот медицински извештај за Ла Лига, поврзан со неговата хируршка интервенција. Дисциплинската постапка е завршена и капитенската лента на првиот тим веднаш му се враќа на играчот.“
Минатата сезона Тер Штеген имаше сериозна повреда, а Барселона во летниот преоден рок го ангажираше Жоан Гарсија од Џирона со намера да го користи како прв голман – нешто што не му се допадна на Германецот. Тој одби да замине, а кога беше потврдено дека ќе мора да се оперира, откри дека ќе отсуствува околу три месеци.
Ситуацијата дополнително се закомпликува кога Тер Штеген одби да потпише медицински протокол кој ќе потврди дека нема да игра најмалку четири месеци – документ кој на Барселона ѝ е неопходен за да може да регистрира дел од новите засилувања во Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal