
Барселона нема да може да стигне до потписот на Нико Вилијамс, кој всушност беше и најголемата желба на раководството на клубот ова лето, заедно со Дани Олмо. Шпанскиот репрезентативец кој блесна на ЕВРО 2024 одлучи да остане во Атлетик Билбао.
Но, Барселона веднаш се врти кон други можни засилувања.
Како што пренесува „Claro Sports“, фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз, повторно е на радарот на каталонскиот клуб, кој го следеше и претходно.
Наводно, и во Ливерпул се подготвени да се откажат од овој 27-годишен фудбалер, па Колумбиецот би можел наскоро да се пресели на „Камп Ноу“.
Сумата која се споменува како обештетување е 60 милиони евра, токму колку што беше предвидено и за Нико Вилијамс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
