Барселона со пресврт и победнички гол во судиското продолжение триумфираше против Реал Мадрид на „Ел Класико“ со 2-1 и веќе може да почне со прослава на шампионската титула во Ла Лига. Каталонскиот тим сега има огромни 12 бода предност пред „кралевите“ на врвот на табелата во шпанскиот шампионат.
Реал Мадрид поведе во деветтата минута со автоголот на Роналд Араухо, по акцијата на Винисиус Жуниор.
Барселона успеа да израмни во последната акција во првиот дел, а стрелец беше Серхи Роберто.
Asensio offside goal pic.twitter.com/wH65btZ5BV
— CFC (@CfcCfctape) March 19, 2023
Реал тргна по победа во вториот дел, Марко Асенсио постигна погодок во 81.минута, но по интервенција на ВАР собата не беше признат поради офсајд позиција.

Во судиското продолжение, Барселона дојде до триумф од 2-1. Франк Кеси беше стрелец на голот, на асистенција на Алехандро Балде.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци













