
Роберт Левандовски сигурно нема да настапи на претстојниот натпревар на Барселона против Гранада викендов, пренесува каталонскиот „Спорт“. Напаѓачот се здоби со повреда веќе во првото полувреме на натпреварот против Порто во Лигата на шампионите, кој го доби Барселона со 0-1.
Клубот денеска соопшти дека се работи за истегнување на лигаментите на левиот скочен зглоб.
Останува да се види дали голгетерот ќе може да настапи за селекцијата на Полска за време на претстојните европски квалификации кои се на 12. и 15. октомври. На крајот на месецот е дербито меѓу Барселона и Реал Мадрид.
Замената на Левандовски, Феран Торес, го постигна победничкиот гол против Порто.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У16 со убедлив триумф против Црногорците

Интернационалци
Нови Пазар го претстави Јован Манев како ново засилување

Интернационалци
Чедомир Јаневски нов тренер на кипарскиот клуб Красава
