
Барселона ја одби првата понуда на Јувентус за дефанзивецот Роналд Араухо како премногу мала, пишува „Мундо Депортиво“. Италијанскиот гигант е во потрага по нов централен дефанзивец поради повредите на Глејсон Бремер и Хуан Кабал, а приоритетна цел на „старата дама“ е Уругваецот Араухо.
Сепак, мисијата на Јувентус за Роналд Араухо нема да биде лесна. Иако фудбалерот има желба да ја напушти Барселона, клубот нема намера да го пушти без да добие значителна сума за трансферот.
Понудата на Јувентус изнесувала вкупно 30 милиони евра, од кои 5 милиони да се платат веднаш како позајмица, а дополнителни 20 милиони за откуп на неговите права следното лето, плус уште 5 милиони преку разни бонуси.
Од „Камп Ноу“ бараат минимум 70 милиони евра за Араухо, така што категорично го одбиле предлогот на Јувентус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
