Connect with us

Барса потврди: Пике ги скина лигаментите, Серхи Роберто го скина мускулот

Шпанскиот репрезентативец Жерар Пике заработи сериозна повреда на коленото и ќе паузира најмалку шест месеци. Тој на синоќешниот дерби-меч против Атлетико Мадрид ги скина лигаментите на десното колено и во солзи го напушти „Ванда Метрополитано“. На Пике му претстои операција, а потоа и долг рехабилитициски процес за враќање на терените.

Да бидат маките на Роналд Куман уште поголеми, и Серхи Роберто ќе паузира два месеци. Тој го скинал бутниот мускул и ќе мора да мирува 60 дена. Барселона лошо ја стартуваше сезоната во Ла Лига, а сега работите дополнително се усложнуваат.

  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови