Барселона доби нов шок по поразот од Реал Мадрид, со оглед дека Педри заработи повреда на мускулот за време на дербито.
Според каталонските медиуми, фудбалерот ќе мора да паузира неколку недели, што е голем удар за тимот кој веќе е со намален ростер. Покрај повредата, Педри заработи и црвен картон во судиското продолжение, па ќе го пропушти мечот со Елче. Но тоа не е сѐ, следат и гостувањата кај Клуб Бриж и Селта, а по репрезентативната пауза, ќе ги пропушти дуелите со Атлетик Билбао и со Челси на „Стемфорд Бриџ“.
Главната цел на Педри сега е да се врати за дербито со Атлетико Мадрид на 2 декември, но прашањето е дали тоа ќе има доволно време за комплетно закрепнување.
Ова доаѓа во најлош можен момент за Барселона – од составот веќе се надвор Рафиња, Дани Олмо, Роберт Левандовски, Гави и Жоан Гарсија. Во вакви околности, се очекува местото покрај Френки де Јонг во средината на теренот да го заземе и Марк Касадо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Де Бруин успешно опериран, му следи долга пауза













