Connect with us

Барди се врати на тренинзите на Леванте, но дали и ќе остане?

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го заокружи летниот одмор и се врати на тренинзите на Леванте. Тимот се подготвува за настапот во Секунда дивизион откако испадна од Ла Лига минатата сезона. Токму поради ова, неизвесно е и дали Барди ќе остане во Леванте.

Одличниот играч за врска има неколку понуди за промена на средината, најактивна е Алмерија, а постои интерес и од Олимпијакос, па дури и од англискиот премиерлигаш Брентфорд.

Леванте не би имал проблем да го продаде Барди доколку дојде сериозна понуда за него, затоа што со тие средства ќе ја затвори дупката во буџетот за подмирување на финансискиот фер-плеј.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови