Репрезентацијата на Исланд е следниот предизвик за македонската фудбалска репрезентација во циклусот квалификации за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година.
„Треба да се концентрираме на нашата игра, она што се договараме пред натпревар да го изнесеме на терен. Противникот е силен, но многу работи зависат од нас, желба има, треба да бидеме стопроцентно концетрирани, да бидеме заедно како што сме до сега и да одиме на победа“ – вели Енис Барди.

Играчите кои можеби не го познаваат селекторот толку добро како нас кои не предводеше во тимот до 21 година на Европското првенство, многу брзо се вклопуваат во неговата филозофија, вели Барди.
„Треба постојано да се докажуваме, од нас се очекуваат резултати. Не гледам никаков притисок, гладни сме за да успееме, имаме многу да дадеме, оваа генерација е млада и може да даде повеќе успеси, ако се биде како што треба можеме да направиме многу“ – смета Барди.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)













