
Сѐ тргна одлично со погодокот на Енис Барди од пенал и траеше околу шеесетина минути. А потоа Македонија се урна за неколку минути и на крајот дозволи Украина да слави во Скопје со 2-3.
Не може да објасни никој што се случи, не може ни Барди.
„Многу лошо се чувствувам. Ги имавме во раце Украинците и потоа паднавме многу. Ни фалеше тој фокус на теренот, како да се губиме. Треба сите да најдеме начин да се подобриме. А навистина е жално, затоа што игравме како Барса шеесетина минути. Потоа пак ни се случи тој наш менталитет. Некои зборуваат и друго, неподготвеност, но не мислам така. Едноставно секој треба да преземе одговорност за себе и мораме да се подобриме“, изјави Барди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
