Три места останаа празни во Втората лига за следната сезона, а ќе се пополнат денеска по баражите во кои учествуваат и клубови со голема традиција, меѓу нив и поранешни прволигаши.
Тетекс предводен од Љупчо Марковски бара конечен спас и повторно учество во второлигашката конкуренција, а на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе ги одмери силите со Осогово.
Клубот од Кочани во некое далечно минато беше и прволигаш, а сега се надева дека под палката на Ефтим Аксентиев може да се врати во Втората лига.
Вардар Неготино и Новаци ја имаат истата желба, а само за еден тим ќе има место меѓу второлигашите следната сезона. Нивниот дуел ќе се одвива во Кичево.
Во тетовската битка, ќе се сретнат Башкими и Влазрими. Ќе биде интересно на сите три локации, а бараж мечевите се закажани од 17 часот.
БАРАЖИ ЗА ВТОРА ЛИГА (денеска, 17 часот)
Скопје: Осогово – Тетекс
Кичево: Вардар Неготино – Новаци
Тетово: Башкими – Влазрими
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Тошевски и Серафимов стрелаа за Дендер и за Левски
Евро-фудбал
Погба: Не сум завршил со фудбалот
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Немања Гудељ на зима се сели во Серија А?













