Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, прави сериозни напори да го убеди спортскиот гигант „Адидас“ да помогне во финансирањето на евентуалниот трансфер на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.
Според информациите на „Билд“, 22-годишниот германски репрезентативец веќе му соопштил на својот тренер Чаби Алонсо дека сака да се пресели на „Алијанц Арена“, што го прави трансферот сè поизвесен.
Вредноста на зделката може да достигне 150 милиони евра со бонуси, а Вирц би потпишал петгодишен договор со годишна плата од 25 милиони евра.
Интересно е што Вирц има личен договор со „Адидас“, а за брендот би било одлична перспектива да го види својот атлет во клуб кој тие го спонзорираат – за разлика од Баер Леверкузен, кој од наредната сезона ќе има нов снабдувач на спортска опрема.
Ако договорот се реализира, тоа ќе биде еден од најскапите трансфери во историјата на германскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Наполи „заглави“ дома против Парма
Евро-фудбал
Ливерпул нуди 184 милиони евра за Џуд Белингам!
Евро-фудбал
Дарвин Нуњез доаѓа во Фенербахче?













