Томас Милер (35), симболот на Баерн Минхен и еден од најуспешните фудбалери во историјата на германскиот фудбал, ќе стави крај на својата долга и блескава епизода во клубот на крајот од оваа сезона. Верен на Баерн уште од своето детство, Милер е дел од клубот од 10-годишна возраст, а за првиот тим има импресивни 750 настапи, при што постигна 248 голови и забележа 274 асистенции.
🗣️ "Ich liebe euch alle, ich werde es vermissen." 🥹❤️ #DankeThomas pic.twitter.com/qekemBxpGy
— FC Bayern München (@FCBayern) May 10, 2025
Во текот на кариерата со Баерн, Милер освои 12 титули во Бундеслигата, шест национални купови и два трофеи во Лигата на шампионите, оставајќи неизбришлив белег во историјата на клубот.
Thomas Muller Last Dance #FCBayern #Bayern #Monachium #Munchen #Bundesliga #MiaSanMeister #FCBBMG #DankeThomas #Germany pic.twitter.com/vGJcpHLNrP
— Marcin_Loboz (@Marcin_Lob) May 10, 2025
Пред натпреварот со Борусија Менхенгладбах, клубот му оддаде почит со пригодни подароци, а навивачите му приредија спектакуларна кореографија како знак на благодарност. Заедно со него, се прости и Ерик Даер, кој исто така си заминува од Минхен.
Баерн објави видео со незаборавни моменти од кариерата на Милер со силната порака: „Томасе, ти се поклонуваме“.
Во отворено писмо до навивачите, Милер напиша:
„По 25 години како дел од овој клуб, моето фудбалско патување со Баерн завршува ова лето. Тоа беше навистина неверојатно искуство, полно со незаборавни триумфи и моменти што засекогаш ќе ги носам во срцето. Вечно сум благодарен.“
Баерн го одбележа јубилејниот 750-ти натпревар на Милер со победа од 2-0 против Менхенгладбах. Головите ги постигнаа Хари Кејн во 31-та и Мајкл Олисе во 90-тата минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













