Баерн Минхен е уште еден клуб кој покажува интерес за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг. Откако Манчестер Јунајтед и Челси не успеаја да го доведат 25-годишниот Холанѓанец, Баварците сега подготвуваат изненадувачка понуда за него, тврдат германските медиуми.
Идејата на шефовите на Баерн е да го земат Де Јонг на позајмица на една година со опција да го купат следното лето. Германскиот гигант исто така е подготвен да плати сериозна сума за позајмицата и во целост да ја преземе и платата на играчот.
Голема е веројатноста Барселона да се согласи на таков договор, бидејќи тоа би ослободило доволно финансии за клубот да потпише со Жул Кунде кој се уште „виси“ со регистрацијата за Барселона.
Де Јонг исто така покажува повеќе симпатии за трансфер во Баерн Минхен, каде повторно ќе се соедини со неговиот добар пријател Матијс де Лигт, кој беше доведен на почетокот на летото од Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул му предложи нов договор на Шобослаи













