Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан, влезе во трансферните планови на Баерн Минхен за зимата. Баварците ќе се засилат со централен дефанзивец, а една од опциите е францускиот интернационалец.
Варан го загуби своето стартно место на „Олд Трафорд“ и не би имал ништо против промена на средината.
Проблем за евентуален трансфер ќе биде платата на дефанзивецот. Тој моментно заработува околу 17 милиони фунти по сезона во Манчестер Јунајтед, а Баерн не сака да му плати толку.
Рафаел Варан од почетокот на сезоната има осум натпревари и еден постигнат гол во дресот на „црвените ѓаволи“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













