
Германскиот првак Баерн Минхен е заинтересиран за крилниот напаѓач на Ајакс, Антони. Баварците подготвуваат понуда за Бразилецот во летниот преоден рок, тврди „Билд“.
22-годишниот играч пристигна на арената „Јохан Кројф“ во 2020 година од Сао Паоло за 16 милиони евра и брзо успеа да се наметне во тимот на Ерик тен Хаг. Оваа сезона има 11 гола и 9 асистенции на 29 натпревари во сите натпреварувања. Покрај тоа, крилниот напаѓач е репрезентативец на Бразил со седум натпревари и два постигнати гола за „селесао“.
Баерн Минхен ќе мора брзо да дејствува во преговорите за талентираниот Бразилец, бидејќи уште неколку клубови внимателно го следат неговиот развој. За него се заинтересирани и премиерлигашите Ливерпул и Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лука Јовиќ ќе потпише за АЕК Атина

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Дарвин Нуњез
