Connect with us

Баерн Минхен би го продал Кимих за 75 милиони евра

Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, чиј актуелен договор истекува во летото 2025 година, би бил проценет на околу 75 милиони евра доколку германскиот клуб го понуди на продажба, пишува весникот „Билд“.


Сериозен интерес за 28-годишниот германски репрезентативец покажува Барселона, а ситуацијата будно ја следат и Манчестер Сити, Челси и Арсенал.

Следното лето главен приоритет за каталонскиот гигант ќе биде да најдат соодветна замена за поранешниот капитен Серхио Бускетс, а Кимих е меѓу играчите кои тренерот Чави Хернандез многу ги цени и доколку не го продолжи договорот со Баварците година пред да истече, тој најверојатно ќе биде ставен во трансфер листата за продажба.

Баерн Минхен, од своја страна, повеќе не го крие интересот за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, а „Билд“ предвидува дека би можел да биде постигнат договор за размена на играчи меѓу двата клуба.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови