
Раководството на Баерн Минхен на лето ќе одлучи за иднината на тренерот Томас Тухел. Баварците во саботата претрпеа тежок пораз од 3-0 кај лидерот Баер Леверкузен и сега заостануваат пет бода зад „фармацевтите“ во битката за титулата во Бундес-лигата.
Покрај тоа, тимот не игра добро и постојано е критикуван за перформансите.
На почетокот на сезоната, Баерн Минхен испадна од Купот на Германија по поразот од третолигашот Сарбрикен, а во Лигата на шампионите ќе игра во осминафиналето против Лацио.
Тухел има договор до летото 2025 година. Во моментов се водат разговори во клубот во кој учествува и Тухел за да се подобри ситуацијата.
Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, е еден од кандидатите за наследник на Томас Тухел, а се споменува и Жозе Мурињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
