Легендата на Баерн Минхен и германскиот фудбал, Томас Милер, денеска ќе испише историја во дресот на баварскиот гигант. Натпреварот против Борусија Менхенгладбах во рамките на Бундеслигата ќе биде негов 750. официјален настап за клубот, што го прави апсолутен рекордер во германскиот фудбал.
Баерн Минхен веќе ја обезбеди шампионската титула оваа сезона, па денешниот натпревар ќе има свечен карактер, посветен на Милер и неговиот неверојатен придонес за клубот.
Милер дебитираше за првиот тим на Баерн во 2009 година под водство на Луј ван Гал, а оттогаш до денес стана незаменлив дел од тимот. Во својата кариера со Баерн има освоено: 13 титули во Бундес-лигата, 2 титули во Лигата на шампионите, 6 трофеи во Купот на Германија, 8 Суперкупа на Германија, 2 Суперкупа на Европа, 2 Светски клупски првенства.
Покрај тоа, Милер има постигнато 248 голови и има запишано 274 асистенции на своето конто во дресот на Баерн. Со германската репрезентација го освои Светското првенство во 2014 година во Бразил и остави длабока трага и на меѓународната сцена.
Според најавите, Милер би можел да ја продолжи кариерата во САД, а како најсериозен кандидат се споменува тимот на ФК Лос Анџелес од МЛС лигата.
Без оглед каде ќе го продолжи својот фудбалски пат, денеска е ден кога Баерн Минхен, Бундес-лигата и целиот фудбалски свет му оддаваат признание на еден од најголемите фудбалери на модерното време.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Левандовски на зима ја напушта Барселона?
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













