Connect with us

Баерн ја одреди цената за Левандовски

Роберт Левандовски по осум години е се поблиску до заминување од Баерн Минхен. Полскиот напаѓач има уште една година од договорот, но сака да си замине ова лето и се чини дека Баварците се откажаа од обидот да го задржат и се отворени за продажба за следната година да не го загубат без обештетување.


А отштетата е одредена и изнесува 40 милиони евра. Барселона долго време се споменуваше како главен и всушност единствен кандидат за трансфер на Левандовски.


Отштетата од 40 милиони евра можеби е висока за 33-годишник со само една година од актуелниот договор, но не е недостижна за клуб кој се уште е во огромни долгови и кој сигурно би требало да плати многу повеќе за помлад, но не ни приближно докажан напаѓач како Левандовски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови