Баерн Минхен успешно ги стартуваше подготовките за новата сезона, совладувајќи го Лион со 2-1 во пријателски меч одигран на „Алијанц Арена“. Ова беше прв тест за баварците во летниот период.
Првото полувреме не понуди премногу возбудувања, но вистинската акција започна по паузата. Со влегувањето на Мајкл Олисе, играта на Баерн доби сосема нова димензија. Фантастично негово издание беше крунисано со два погодоци – првиот од пенал во 53. минута, а вториот десет минути подоцна по прецизна асистенција од Серж Гнабри.
Клучна улога при досудениот пенал одигра Луис Дијаз, новиот Колумбиец во тимот од Минхен, кој се избори за казнениот удар по агилен пробив низ одбраната на Лион. Иако не се впиша во листата на стрелци, Дијаз прикажа зрел настап и неколку пати беше близу до погодок.
Гостите од Франција не се предадоа и во 83. минута намалија преку Александро Родригес, кој излезе сам пред Јонас Урбиг и го совлада младиот голман на домаќините. До крајот Лион се обиде да израмни, но Баерн успеа да го задржи водството и ја обезбеди победата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













