Connect with us

Азар во нова „војна“ со Реал Мадрид

Реал Мадрид сака да се ослободи од Еден Азар, но Белгиецот нема намера да си замине. „Марка“ пишува дека клубот неколку пати му кажал на Азар дека најдобро решение е да се разделат и да се најде најдоброто можно решение преку трансфер, но дека Белгиецот сепак упорно одбива да си замине.


Реал Мадрид по секоја цена нема да го притисне да си замине, но Карло Анчелоти јасно му стави до знаење на Азар дека не смета на него.

Сепак, на Азар очигледно не му пречи да биде во втор план, веројатно затоа што – тој е најплатен во тимот.

Азар пристигна во летото 2019 година за астрономски 120 милиони евра, но од тоа не оправда ниту цент.

Имаше низа повреди, а и кога беше здрав не покажуваше многу. Реал сака да се ослободи од платата, но Азар сепак одбива, поради што на Мундијалот ќе замине речиси без минутажа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови