Connect with us

Азар и Куртоа демантираа дека Белгијците се тепале меѓусебе: Седнавме и си кажавме сѐ во очи

Репрезентативците на Белгија, Еден Азар и Тибо Куртоа, се појавија пред новинарите за да ги расчистат гласините околу расправијата во соблекувалната по натпреварот со Мароко. Тие ги демантираат шпекулациите дека нивната репрезентација е во судир и тврдат дека на состанокот во понеделникот ги решиле сите проблеми. Исто така, најавија дека ќе одат на победа против Хрватска.


Што се случи по мечот со Мароко?

„Ништо големо не се случи по Мароко. Имавме добар разговор каде што кажавме секакви работи. Сега сакаме да ја победиме Хрватска. Имаме два дена да се подготвиме. Рековме дека мора да играме подобро. Има големи очекувања, но не ги исполнивме. Ќе се обидеме да го покажеме тоа на следниот меч. Седнавме заедно вчера, сите играчи и стручниот штаб. Сите кажавме што имавме да кажеме. Решивме дека ќе биде подобро ако поискусните играчи дојдат на прес – конференција денес“, рече Еден Азар.

„Немаме проблеми во тимот. Тие приказни се измислени за да се создаде лоша атмосфера. Но сега сме уште помотивирани да ја победиме Хрватска. Бев лут кога загубивме од Мароко, но за 20 минути беше како ништо се случи. Има премногу лаги, имаше приказни кои не беа вистинити, дека сум шутирал низ соблекувалната. Бевме разочарани, но не викавме. Вчера во приватен разговор разјаснивме се“, изјави Тибо Куртоа.

Имаше ли судир со Вертонген во соблекувалната?

„Не, не се скарав со Јан Вертонген во соблекувалната по Мароко. Само селекторот зборуваше. Никогаш не би се скарал со него бидејќи е многу повисок од мене“, низ смеа изјави Азар и додаде: „Вчера имавме добар разговор. Реков дека нашите дефанзивци се премногу бавни. Но, тоа беше шега, таков сум јас, сакам да се шегувам, а исто така и моите соиграчи“.

Дали разговаравте со Кевин де Бруин? Каква е неговата состојба?

„Менталната состојба на Кевин де Бруин е добра. Разговарав со него, тој се уште верува во нас како тим. Да не беше така, тој немаше да биде тука. Тој само рече дека пред четири години сме биле помлади. И, тоа е се“, рече Азар.

Каква беше атмосферата по поразот од Мароко?

„Секако дека не се смеевме по Мароко. Не е забавно да се загуби. Се надеваме дека по Хрватска повторно ќе се смееме. Ова е една од најтешките години за мене во репрезентацијата. Сите очекуваат многу од нас. Сега кога ни е тешко, мора да покажеме дека сме одличен тим“, изјави Азар.

„Не одигравме добро против Мароко, но селекторот има план за Хрватска. Сигурен сум дека можеме да победиме на последниот натпревар ако сите се држиме до планот. Иако Хрватска е многу добра репрезентација“, изјави Куртоа.

Дали овој тим е премногу стар?

„Колку години имаме ништо не ни значи. Погледнете ги само Модриќ и Бензема. Како тим, оваа Белгија игра поинаку. Ова е добра комбинација на младост и искуство“, изјави Куртоа.
„Се уште никој не објавил дека ова му е последно Светско првенство. Треба да бидеме уште помотивирани бидејќи не знаеме што ќе се случи. Мораме да одиграме најдобро што можеме. Погледнете ги Италијанците, кои пред две години го освоија Европското првенство“, дополни тој.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови