
Брегалница оствари важна првенствена победа против Борец, но денеска има нова мисија во Кратово и сака да се пласира во полуфиналето на Купот на Македонија.
Еден од најзаслужните за победата над Борец, Кристијан Ацковски го запиша својот прв погодок сезонава за Брегалница. Фудбалерот од средниот ред верува дека тимот ќе одигра квалитетно и против Силекс, па ќе се дојде до посакуваниот пласман во полуфиналето.
„Задоволен сум што допринесов со погодок да дојдеме до посакуваната победа против Борец, па сега максимално сме фокусирани на четвртфиналето од Купот на Македонија против Силекс“, вели Ацковски.
„Нашата желба е пласман во полуфиналето, но мора да бидеме внимателни против екипа како Силекс која секогаш игра одлично на домашен терен. Ние мора со квалитетна игра и максимално издание да дојдеме до триумф, ако сакаме полуфинале. Факт е дека сакаме со триумф оваа генерација фудбалери на Брегалница да се запише во фудбалската историја на Штип“.
На останатите три натпревари од четвртфиналето на Купот на Македонија се среќаваат: Шкендија – Струга Трим Лум, Македонија ЃП – Шкупи, Пелистер – Вардар (13 часот).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Интернационалци
Стефан Ристовски потпишува за Сараево

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Бењамин Шешко

Евро-фудбал
Интер му постави ултиматум на Чалханоглу

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку
