Connect with us

Атлетико Мадрид се фокусира на Адемола Лукман

Атлетико Мадрид продолжува да го следи напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, како потенцијално засилување во случај на нови заминувања од клубот. По заминувањето на Анхел Кореа, „јорганџиите“ се во потрага по нов офанзивец и Лукман е високо на листата на желби.

Иако веќе го ангажираа Тијаго Алмада, Атлетико повторно воспоставил контакт со претставниците на нигерискиот репрезентативец во изминатите денови. Сепак, клубот од „Сивитас Метрополитано“ се уште чека дополнителна информација за цената што Аталанта ќе ја побара за неговиот трансфер, пред да испрати официјална понуда.

Лукман (27) имаше одлична сезона со 20 голови и седум асистенции во 40 настапи во сите натпреварувања. Неговиот договор со Аталанта важи до летото 2027 година, а неговата вредност изнесува околу 60 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови