
Напаѓачот на Аталанта, Џанлука Скамака, ќе биде надвор од терените околу еден месец, откако заработи повреда на мускулот во неделниот пораз од Фиорентина со 3-2 во италијанската Серија А. Лекарските прегледи покажаа дека 24-годишниот фудбалер има повреда на бутниот мускул на левата нога.
Според прогнозите, Скамака ќе ги пропушти следните четири натпревари на италијанскиот тим во Серија А, како и два меча од турнирот во Лига Европа.
Џанлука Скамака се приклучи на клубот од Бергамо по трансферот од 25 милиони евра од англискиот Вест Хем ова лето.
Од почетокот на тековната сезона има постигнато два гола на четири натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
